Тимот/претпријатието на Рајски Дом во склоп на
организацијата на погреби, кој/кое се стреми кон задоволување на желбите на
нашите клиенти во најтешките моменти, нуди можност за богат и разновиден
кетеринг. Воглавно се стремиме кон класичен пристап, односно кетерингот е
организиран на самиот датум кој е одреден за погреб. Вклучуваме погача и
пченица која е потребна за изнесување и извршување на црковните обреди, пченица
која е наменета за раздавање на присутните, овошје, сендвичи (посни/мрсни),
организирање на ручек, а не се изоставени и различните видови на пијалоци. Но,
како и за се останато што го вклучуваме како дел од погребалните услуги,
така и оваа е формирана во склоп со вашите барања и можности како клиенти на
истите.