Pogrebalna agencija Rajski Dom | Погребална агенција Рајски дом
 
 
 
 
iconfinder_Contat_Us_2-24_Hours_Call_4211834
 
 
+38971349257
+38978349256
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Постапка во случај на смрт

 
 
 
 
 
Кога доаѓа до смртен случај во куќа или стан, пријава за смртта се врши преку телефонски повик кон дежурната лекарска служба, а од пријавителот се бараат следните податоци:

1. Име и презиме на почин атиот
2. Возраст на починатиот
3. Адреса на местото на смртта
4. Часот/ времето на смртта
5. Име и презиме на оној кој ја пријавува смртта
6. Број телефон за контакт

Брзата помош (докторот) пристигнува после неколку часа од пријавувањето!
Брзата помош (докторот) е потребно да го осигура пристапот до починатиот за да може да се прегледа телото, да се подготви лексрската документација доколку починатиот бил боледувал од нешто, како и сите матични податоци на истиот.

Ако смртта се случила како резултат во необични околности, оставете го телото и просторот и местото онака како што сте ги затекнале, поради евентуални правни и полициски евиденции/ увид.

Откако брзата помош (докторот) ќе издаде ,,Потврда за смрт’’, може починатиот да се пренесе во капела. Контактирајте не на ...... или ..... поради договор и превземање на починатиот, како и останатата организација за последното испраќање(резервација за термин на погребот)

 
СМРТНИ СЛУЧАИ НА УЛИЦА, СТАН КОЈ НЕ Е ВО ВАША СОПСТВЕНОСТ ИЛИ СЛУЧАЈ ВО ОБИД ЗА ОБИВАЊЕ НА СТАН

 
Кога се случува смрт од ваков вид, пристигнува брза помош која ја констатира смртта, а полицијата издава потврда дека телото може да се пренесе во институтот за Судска медицина и инстутот за Криминалистика поради обдукција. Откако ќе се изврши обдукција, телото се пренесува во капела и тогаш може да се закаже погреб.

 
ОРГАНИЗАЦИЈА НА ПОГРЕБ И КРЕМАЦИЈА

 
Овластеното Погребално претпријатие има право да одреди термин за погреб во договор со Управата на гробиштата, доколку погребот се одржи на едно од градските гробишта. Освен тоа е потребно да се избере погребална опрема, да се одреди текот на самата церемонија и ангажирање на свештено лице, цвеќе, умреница, запис во дневниот ред.