УСЛУГИ
Погребалното претпријатие/ служба РАЈСКИ ДОМ покрај своите погребални услуги, гради споменици и надгробни обележја од сите видови и различни материјали. Вршиме продажба и местење на додатни елементи за уредување со цел да се уреди гробното место (вазни, свеќници и кандила) резбање и пишување/ печатење на букви, како и изработка и поставување на порцеланска слика
- Комплет погребна опрема
- Целосна организација на погреб
- Целосна тоалета на покојниот (облекување, костим)
- Закажување на поп
- КАПЕЛА 24 часа
- Венци (цвеќе и икебани)
- Свеќи (мали и големи)
- Превоз на покојниот со лиценцирано погребално возило од болници и други установи
- Доаѓаме на повик и работиме НОН СТОП
- Откоп/закоп на гробно место на сите гробишта во РМ
- Изработка на надгробни споменици
- Кетеринг за денот на погребот
- Превземање и пренос на починатиот на територијата на Р.Македонија и надвор од неа
- Превоз од местото на смртта до капелата и од капелата до гробот каде што ќе се одржи погребот на починатиот
- Резеравција за испраќањето
- Намалување на погребалните трошоци од страна на ПИО фондот
- Продажба на погребална опрема (преку online каталог или нашето продажно место)
- Уредување и организрање на погреб, кремација или закоп
- Умреница (уверение/потврда за смрт)
- Објавена вест во дневните весници
- Погребална музика
- Венци и цветни аранжмани
Рефундирање за секој пензионер преку ПИОМ - 30.000 ден. - се однесува на погребалната опрема.
КОВЧЕЗИ
Кај нас можете да пронајдете најголем избор на комплетна погребална од социјални до екслузивни/ луксузни програми по поволни услови за плаќање, изработка по највисок стандард и најквалитетни материјали.
ДОПОЛНИТЕЛНА ОПРЕМА
Погребалното претпријатие/служба РАЈСКИ ДОМ покрај своите погребални услуги, гради споменици и надгробни обележја од сите видови и различни материјали.
Изработување на порцелански слики, гранитни и директни ликови.
Вршиме продажба и местење на додатни елементи за уредување со цел да се уреди гробното место (вазни, свеќници и кандила) резбање и пишување/ печатење на букви, како и изработка и поставување на порцеланска слика.
ПОГРЕБАЛНИ ТРОШОЦИ
Погребалните трошоци се неминовност и е дополнителен товар за секој кој што го поминува најтешкиот период во семејството . Во текот на нашето долгогодишно искуство и работа воспоставивме систем со кој нудиме посебни услуги и помош околу административните работи за наплата на погребалните трошоци на нашите клиенти, со цел да им помогнеме се што е во наша моќ. Според нашето искуство на нашите клиенти им ја комплетираме документацијата за остварување на право на членовите од семејството за плаќање на погребалните трошоци овозможено од ПИО фондот. Воедно, нудиме можност за регулирање и одјавување на пензиите.
Потребни документи за поднесување на дополнителни погребални трошоци:
Потребни документи за поднесување на дополнителни погребални трошоци:
- Извод од матична книга на починати
- Лична карта на починатиот
- Лична карта на подносителот на молбата (кој воедно ќе ги плати трошоците)
- Чек од пензијата на починатиот (по можност да е последниот)
- Сметка од/за погребалната опрема
Погребалните трошоци стигаат преку пошта на подносителот на барањето на адресата од лична карта во рок од 30 дена од денот на поднесување на барањето, а заостанатата пензија до денот на смртта пристигнува во нсредниот наплатен период.Кога доаѓа до смртен случај во куќа или стан, пријава за смртта се врши преку телефонски повик кон дежурната лекарска служба, а од пријавителот се бараат следните податоци:
- Име и презиме на починатиот
- Возраст на починатиот
- Адреса на местото на смртта
- Часот/времето на смртта
- Име и презиме на оној кој ја пријавува смртта
- Име и презиме на оној кој ја пријавува смртта
- Број телефон за контакт
Брзата помош (докторот) пристигнува после неколку часа од пријавувањето!
Брзата помош (докторот) е потребно да го осигура пристапот до починатиот за да може да се прегледа телото, да се подготви лексрската документација доколку починатиот бил боледувал од нешто, како и сите матични податоци на истиот. Ако смртта се случила како резултат во необични околности, оставете го телото и просторот и местото онака како што сте ги затекнале, поради евентуални правни и полициски евиденции/ увид.Откако Брзата помош (докторот) ќе издаде ,,Потврда за смрт’’, може починатиот да се пренесе во капела.
Брзата помош (докторот) е потребно да го осигура пристапот до починатиот за да може да се прегледа телото, да се подготви лексрската документација доколку починатиот бил боледувал од нешто, како и сите матични податоци на истиот. Ако смртта се случила како резултат во необични околности, оставете го телото и просторот и местото онака како што сте ги затекнале, поради евентуални правни и полициски евиденции/ увид.Откако Брзата помош (докторот) ќе издаде ,,Потврда за смрт’’, може починатиот да се пренесе во капела.